Ријалити ѕвездата, чиј што труднички стомак сега е и видлив, призна дека е и поласкана од трачевите кои што говорат дека таа и воопшто не е бремена и дека изгледа слабо.
- Потајно ги сакам трачевите и ја криев бременоста затоа што бев ослабена. Но сега повеќе не можам да ја кријам! Пет месеци, 20 недели и 9 килограми повеќе, призна Ким.
Нејзиниот пост на мрежата Twitter се појави само еден ден откако таа беше забележана во тесен фустан во кој за прв пат убаво се забележуваше трудничкиот стомак.
Ѕвездата од шоуто Кардашијан до сега ја криеше бременоста, сè до моментот кога тоа повеќе не беше возможно да го прави, но и понатаму избира секси парчиња облека и чевли со висока потпетица.
- Сè уште сум во стадиум во кој што се будам со рамен стомак, но штом изедам нешто, на крајот на денот стомачето се појавува, напиша вчера Ким на својот Twitter профил.
Темнокосата ѕвезда уште за Денот на татковците објави дека таа и нејзиниот сопруг Канје Вест ќе добијат принова и дека детето ќе биде со машки пол.
Како што веќе сите и знаат, парот ја има двегодишната ќерка Норт, но Ким овојпат се труди да остане фит и здрава во текот на бременоста, па побара и помош од нутриционист.
- Минатата бременост јадев крофни буквално секој ден, но тоа нема да го правам и сега, изјави Ким за US Weekly.
Таа редовно тренира, а пред неколку дена на обожавателите им порача дека џогира секое утро. После прејдените четири километри, таа прави и дополнителни вежби.