Пронајдени останките на Филип II Македонски

Иако се веруваше дека е позната гробницата на македонскиот крал Филип II, истражувачи ги идентификуваа неговите останки во друга гробница преку повредите на коските кои се совпаѓаат со сериозната повреда на левата нога на кралот, како што е познато во историјата.

Кралот Филип Втори, татко на Александар Велики, како што е запишано во историјата, имал влезна рана од копје во неговата нога, што го оставило со физички маани три години пред да биде убиен во 336 година пред новата ера.

Македонските кралски семејства биле погребувани во три гробници на рид во Вергина. Археолозите одамна се имаат согласено дека гробницата 3 е населена од синот на Александар Велики, Александар IV. Се верува дека останките на Филип се погребани во втората гробница. Дури и е често нарекувана „гробницата на Филип“. Но, дали е тоа навистина тој?



Со применување на денешните современи форензички техники за анализирање на останките, односно сега само скелетот, Антонис Барциокас од Универзитетот на Демокрит и неговите колеги, се согласиле дека Филип е всушност погребан во првата гробница. Нивните пронајдоци биле објавени во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences неделава.

Најпрво, тимот ја проценил возраста со помош на CT скенирање и преку набљудување на забите и карлицата. Карлицата, заедно со кранијалните коски, им помогнала и да го утврдат полот. Потоа, со рентген и други видови скенери, преку техника наречена радиологија, скенирале одредени коски.


Мажот погребан во првата гробница бил 45-годишен, со висина од 1,8 метри. Неговата лева нога имала траги на сериозна повреда со тврд предмет и знаци од воспалено ткиво. Точно под коленото, пронашле дупка која одговара на повреда со проектил во брзо движење. Освен тоа, асиметричните коски кај неговиот врат укажувале на тоа дека има проблеми со одот и ја навалува главата кон десно со цел да ја држи исправена, додека едната нога му е пократка. Неговото заздравување бил неверојатно, со оглед на тоа што живеел во ера без антибиотици, вели тимот, и ја покажува неверојатната способност на неговите доктори да го спречат крварењето до смрт.

Во гробницата 1 се пронајдени и останките на 18-годишна жена и новородено бебе. Тие веројатно припаѓаат на жената на кралот, Клеопатра, и нивното бебе. И двајцата биле убиени кратко после неговата смрт.


Со оглед на тоа што машкиот скелет пронајден во втората гробница нема индикации на фатална рана на левата нога, истражувачите веруваат дека гробницата за која се верувало дека му припаѓа на Филип, всушност му припаѓа на Архидеј (полубратот на Александар), и неговата жена Евридика. Во оваа гробница биле пронајдени и оклопи, шлем и штит.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О