Еден од најубавите имоти во светот, во самото соседство на Владимир Путин, може да се купи за "само" 44 милиони фунти.

Падот на вредноста на куќите покажува дека руската елита се опоравува од падот на цената на нафтата и санкциите кои Западот ги наметнал поради украинската криза.

Без разлика дали барате палата во Москва или пентхаус во Санкт Петерсбург, или па викендичка на Сибир, изборот е навистина голем...но сепак потребни ви се околу 50 милиони фунти за да зачекорите во некоја од вилите.

Доколку сакате да живеете како олигарх, а соседи да ви бидат, ни помалку ни повеќе, туку Роман Абрамович, Алишер Усманов и Олег Дерипаска, искористете ги моменталните попусти кои цените ги намалуваат и околу десетина милиони.

На пример, во Рубљовки, рускиот Беверли Хилс, во близина на добро чуваната официјална резиденција на Владимир Путин со шест метри висока ограда, цените на недвижнините паднале за речиси 36 проценти во првата половина од годината, во однос на 2014-тата година.

Овој катастрофален колапс во вредноста на имотите ги нагласува тешките финансиски околности за економските моќници, кои ги продаваат своите недвижнини и бегаат во своите луксузни места на Запад.

"Понекогаш реалниот пад на цените не е видлив ниту на финансиските пазари, бидејќи тајкуните самостојно по договор ги намалуваат цените на своите куќи, сакајќи да ги продадат по секоја цена", вели еден московски агент за недвижнини, пренесува Blic.rs.

Алексеј Трескев, директор на имотна компанија, вели дека цените паѓаат и до 40-50 проценти во зависност од финансиската состојба на купецот.

Тука има и еден замок кој го одзема здивот, а се потпира на заштитениот телефонски систем на Кремљ. Има сопствено езеро и чини 64 милиони фунти. Знаеме дека од овие цифри ви се врти во глава, но куќата со отворени терени и неверојатни 43.000 квадрати станбен простор, чинела 51 милион повеќе.

Тука е и златната палата која оваа година се продава за 70 милиони фунти и најдобро докажува колку паднале цените.

За истите пари, можете да купите петтособен ексклузивен стан во близна на Хајд парк во Лондон.

Се претпоставува дека била направена да го "прими царот", со девет спални соби, дневни салони во барокен стил и два базена, а внатре е преплавена од раскошни лустери и златни декорации.

"Внатре во собата има многу злато, природен камен и квалитетно дрво. Во некои соби подот е обложен со природен мермер, додека собата за билјард и библиотеката се од махагонија", велат агентите.

На шега се вели, дека оваа палата е доволно голема да прими еден олигарх и сите негови љубовници.



