Северина го објави новиот летен хит „Калимеро“

Откако со последните четири песни достигна бројка од преку 100 милиони прегледи на Јутјуб, Северина денеска го објави и петиот сингл, долгоочекуваниот „Калимеро“.

Откако со последните четири песни достигна бројка од преку 100 милиони прегледи на Јутјуб, Северина денеска го објави и петиот сингл, долгоочекуваниот „Калимеро“.


Видеоспотот за новата песна со заразна и лесна мелодија ја прикажува Северина во поинакво издание. Екранизацијата на „Калимеро“ е доверена на словенечкиот режисер Дафне Јемерешиќ, кој целата реализација ја замисли како спот во спот, во кој Северина се бори со лавови, пее со маријачи и игра со светските прваци во Хип-хоп, групата The Artifex.

„Се плашев од лавовите на снимањето на спотот, бидејќи беа страшни, а маријачите свиреа многу лошо. Ова е најнеобична песна која сум ја испеала, еден просечен детски фолк, кој ќе постигне натпросечна гледаност. Десниот колк ве молам да ви е на готовс, бидејќи румбата телото го крши. Ведрана, дај едно мохито и музиката малку посилно“, напиша Северина на својата Фејсбук страница.

Музиката и текстот го потпишаа долгогодишните соработници на Северина, Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О