Крвавиот масакр на 770 луѓе се гледа од вселената: Ужасни фотографии сведочат за монструозното злосторство

Сателитски снимки сведочат за тројно поголемиот број на жртви, отколку што се мислеше на почетокот. Со нивна помош како доказ се осудени 24 исламски милитанти.




Крвавите последици на масовните егзекуции на 770 ирачки војници во Тикрит минатата година, кои ги изврши Исламската држава, сега е можно да се видат од вселената. Сателитските снимки помогнале да се откријат виновниците за овие ужасни злосторства над стотици луѓе кои беа направени во 2014 година.





На почетокот се сметаше дека биле убиени околу 190 војници кога терористичката група го зазеде родниот град на Садам Хусеин. Сепак. сателитските снимки откриле три нови места на кои била извршена егзекуција, како и тројно поголем број на жртви.





Овие фотографии и снимки од ужасното злосторство, како и потресните сведоштва на очевидци, помогнале да се откријат 24 исламски фанатици кои се осудени за истото, пишува Daily Mail.



Судот во Ирак, во средата, ги осудил фанатиците на казна – бесилка, поради учествување во масакр на повеќе стотици војници. Четворица биле ослободени од сите обвиненија, а 604 други милитанти за кои се смета дека се вмешани, уште се на слобода.





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О