Турција во понеделникот се соочи со терористички напад во градот Суруч, во близина на границата со Сирија, кога загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 100 беа хоспитализирани. Тамошната власт соопшти дека зад нападот најверојатно стои Исламската држава.
Видео записот е со вознемирувачка содржина! (18+):
Набрзо после нападот, две селфи фотографии започнаа да кружат на друштвените мрежи, а за истите се тврди дека настанале на само еден момент пред трагедијата.
Меѓутоа, Мадершахи Барајикан, која открива дека таа ги направила и двете селфи фотографии, потенцира дека конкретните фотографии не се од Суруч, како и тоа дека не му одговараат на датумот кога што се случила експлозијата.
The selfie taken right before the ISIS terrorist/Turkish bomb went off in Suruc. All in the photo are dead/maimed pic.twitter.com/ohLBlNjWyF
— Baroz (@mrgoldfink) July 20, 2015
Фотографиите всушност настанале по повод тоа што прокурдската партија освоила 80 места на изборите во јуни, пишува Buzzfeed.Сепак, дамата со кадриците, која во позадина го покажува знакот за мир, сепак навистина загинала во споменатиот терористички напад. Нејзиното име било Егзи Садет и имала сè на сè само 20 години.
Во Суруч учествувала во летна експедиција која имала за крајна цел обнова на градот Кобане, кој неодамна беше вратен под курдска власт.
Ezgi Saadet's selfie moments before ISIS bomb in Suruc, Turkey killed her http://t.co/vPK8sG7wKF pic.twitter.com/ADF9IAhVAS
— DailyNew5 (@DailyNew5) July 23, 2015
Егзи Садет влегла во автобусот заедно со своите врсници, и сите видно среќни и возбудени, тргнале кон југот на Турција, каде се наоѓале и останатите активисти. Неколку моменти подоцна оваа насмеана девојка загинала во терористички напад кој однесе повеќе од 30 животи, а фотографијата која што настанала на само неколку моменти пред смртоносната експлозија и насмевките на младите активисти ги прогонуваат луѓето ширум светот.Егзи оваа фотографија ја споделила на својот Instagram профил, кој подоцна бил деактивиран. Таа никогаш повторно не се вратила во автобусот.