Фризури за на плажа

Сонце, море и хлор – сите тие можат да ја оштетат косата. Пред да заминете на плажа или базен, важно е да ставите производ за заштита на косата од соце. Иако оваа тема не е позната, сепак, не е кожата единствената на која што и е неопходна заштита од сончевите зраци.
Откако веќе сте ја заштитиле, погледнете пет идеи за едноставно стилизирање на фризурата на плажа.

Класична пунџа




Соберете ја косата во високо коњско опавче, превртете ја околу ластичето и ставете шнола.

Или врзете ја во плетенка, па соберете ја, како на втората слика.
Природни кадрици



Влажноста ја прави косата повеќе кадрава. На тој начин ќе додадете шмек врз природната визија.

Овој стил можете да го збогатите со помош на некое цветно венче.

Плетенки




Постојат бројни варијанти за плетење на косата. Тие се многу погодни за на плажа, бидејќи можете слободно да пливате, а притоа да изгледате уредно и заводливо.

Со шешир



Шеширот не е само стилски додаток, туку истовремено е совршена заштита од жешкото сонце.

Во видеото погледнете уште три едноставни фризури за на плажа:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О