
Ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“ ја продава својата сопственост во Франција за 26 милиони долари.


Земјиштето опфаќа 14 хектари, а станува збор за село во Прованс со куќички од камен, кои се стари и до 200 години.

Иако кога го купил, селото веќе било убаво, Џони Деп вложил 10 милиони долари во реставрација, па црквичката ја направил во гостинска соба и направил пештера за дегустирање вино.


Тука се главната вила, барот, ресторанот, капелата, работичница, куќичка за пероналот и неколку куќички за гости.

И понатаму не сте импресионирани? Селцето е опкружено со маслинови градини, виногради, мал и голем базен и скејтборд парк. Се` се продава со мебел и личните работи на Џони Деп.

Мора да признаеме дека ова место изгледа како мал рај на Земјата...


