24-годишната Џордан ја покажала својата прекрасна фигура во костими за капење во разни бои, а во еден момент ги открила и голите гради додека асистентката ѝ помагала да облече маица.
Славната убавица позирала во необични комбинации, па така во еден момент носела капут и шарен едноделен костим за капење, а потоа и хулахопки со боја на кожа. Таа е доказ дека и необичните комбинации може да изгледаат секси.
Џордан е родена во Велика Бритнаија, откриена била на 15 години, и од тогаш нејзината кариера оди само во нагорна линија. Списанието Forbes минатата година ја вброило меѓу најплатените манекенки во светот, со заработка од дури 4 милиони долари за 12 месеци.
Кога имала само 19 години, го добила синот Рајли, а кратко по неговото раѓање неговиот татко бил уапсен и Џордан станала самохрана мајка.