Пет лесни начини како да се ослободите од стресот

Борбата со стресот е еден од најголемите проблеми на модерниот човек. Иако стресот не може целосно да се елиминира од животот, постојат начини на кои може да се контролира.



Mashable направи листа со неколку начини како може да се борите со стресот инспирирани од пораките од пет светски познати луѓе меѓу кои се и Барак Обама и Стив Џобс.

1. Поминувајте време со луѓето што ви значат

Поминувањето време со луѓето што ви значат ви дава можност да заборавите на стресот, да се отпуштите и уште еднаш да проверите која е причината за проблемот. Со нив може да разговарате за тоа што ве мачи и да процените дали вреди да вложувате енергија и чувства во она што ви создава стрес.

2. Бидете малку офлајн

Ова често се спомнува како еден од начините за справување со стресот, бидејќи ако се исклучите од онлајн случувањата ќе имате малку повеќе време за себе. Иако може да биде тешко, обидете се барем кратко време да бидете подалеку од технологијата.

3. Одете на некое тивко место

Понекогаш најдоброто нешто што може да го направите во моментите кога имате премногу нервози е да одите на некое место каде што ќе имате мир и тишина. Дишете длабоко, уживајте во мирот и заборавете на проблемите.

4. Вежбајте или практикувајте некаква физичка активност

Не е тајна дека вежбањето може да ви помогне физички да се отпуштите од стресот, но исто така може да ви помогне и во ослободувањето од стресните мисли. Ако фитнес салата не е место за вас, тогаш обидете се да трчате во парк или да возите велосипед некаде во природа за да се ослободите од негативната енергија.

5. Одвлечете си го вниманието со работи во кои уживате

Ако сте под голем стрес обидете се да се отпуштите со нешто во кое вистински уживате. Тоа може да биде се од читање добра книга, слушање музика или пак готвење на омиленото јадење за некој што ви значи. Овие активности привремено ќе ве отпуштат, а кога ќе завршите ќе се чувствувате порелаксирано.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О