Продолжените викенди сите ги искористуваат најрационално што можат. Изгледа дури и функционерите. Така и нашиот премиер, Никола Груевски, очигледно решил да се одмори од обврските и бурниот период на политички план, сокривајќи се на непозната плажа. Но, нема бегање од очите на јавноста, па и таму некој успеал да го „фотне“ и да се пошегува на негова сметка.
Авторот на фотографијата е непознат, како и локацијата на која е снимена.