Converse претстави нови „старки“ за прв пат по 98 години

Converse, компанијата која ги направи познатите Chuck Taylor All Star патики, објави дека за прв пат ќе промовира втора верзија од иконските патики, за прв пат по 98 години.





Ако поседувате „старки“ знаете дека не се баш најудобните патики за носење неколку часа или во најлош случај цел ден - на крајот на денот завршувате со болки во стапалата бидејќи еден од главните проблеми на овие патики е фактот што не нудат поддршка на стапалото. Но ова станува минато со новиот дизајн и изработка.



Новите редизајнирани старки Converse Chuck Taylor All Star II, се изработени по иновативната технологија за патики на Nike што вклучува перничиња за помеко стапнување и поддршка на стапалото, „јазик“ изработен од материјал што не се лизга, и целосно помазен материјал на патиката, што воедно дозволува „дишење“ на стапалото.



Компанијата се држи до оргиналниот дизајн на старките, на кој нема големи промени во вторава верзија. Со новите „старки“ ја добивате класичната патика, во малку помодерна и многу поудобна верзија. Новите патики ќе бидат достапни во црна, бела, црвена и сина боја.



Converse Chuck Taylor All Star II патиките ќе бидат достапни за купување на 28 јули, по цена од 70 американски долари за ниските и 75 долари за високите „старки“. Ќе може да се купат во официјалните Converse продавници, како и онлајн на Converse.com.

Погледнете го видеото за подетален приказ на промените кај класичната „старка“:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О