iPhone 7 влегува во кривината на Samsung Galaxy Edge

Apple сигурно е една од најтврдокорните компании кога е во прашање дизајнот и наследството на Стив Џобс за совршенство во секој детал, а уште помалку пак се спремни да превземат нешто од конкуренцијата, сетете се дека за поголемиот iPhone 6 беа потребни години.



Затоа сега главната дилема е дали Apple ќе ја прифати фрлената ракавица од Samsung и ќе лансира заоблени дисплеи на новите iPhone смартфони. Според најновите информации LG добил голема зделка вредна околу 1 милијарда долари за развој на флексибилни и закривени екрани кои во голема мера ќе бидат доставени до Apple.



На овој начин Apple ќе утепа две муви со еден удар, најпрво нема да зависи од Samsung за достава на екрани со што ќе му зададе силен удар, а од друга страна пак ќе воведе голема иновација во дизајнот на iPhone 7 следната година која фановите ќе ја обожуваат. Токму тоа ги инспирираше и првите концепт дизајни за заоблен iPhone 7, па што мислите вие, дали ова е вистинскиот правец по кој треба да се движи Apple.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О