Со оглед на фактот дека промената во дизајнот на паметниот телефон Samsung Galaxy S6 донесе помала батерија и го отфрли слотот за мемориска картичка, футролата Offgrid на компанијата Incipio ќе ги реши токму овие проблеми.
Всушност, футролата Offgrid во себе содржи дополнителна батерија како и слот за microSD мемориска картичка.
Дополнителната батерија има капацитет од 3.700 mAh, a компанијата Incipio тврди дека таа трае двојно повеќе во однос на батеријата во самиот Galaxy S6. Футролата ја поддржува и технологијата на Samsung за брзо полнење, а таа функционира и со Galaxy S6 Edge моделот.
Offgrid футролата чини 89 долари и може да ја погледнете тука.