Најголемото модно промашување до сега: Зарем вака се оди на театар?

Кендал и Кајли Џенер отсекогаш воделе грижа за нивниот стил. Особено кога се појавуваат заедно. Во неделата тие се појавија во Холивуд на претставата "Фантом од операта", а за оваа прилика тие ги вклопија и своите модни вкусови.


Кендал (19) се појави во бел комбинизон кој се шири од половината надолу. Својата манекенска фигура убавицата речиси секогаш знае како ја потенцира, но овој комбинизон ги доведе до израз сите нејзини атрибути.


Таа ги откри своите рамена и затегнати раце, а како аксесоар понесе мала чанта со релјефен дизајн налин на крокодилска кожа, со впечатливо закопчување.


Кајли (17) пак се појави во комбинација од краток шорц и палто во црно-бела боја, кој иако совршено ѝ прилегаше, сепак како таков, шорцот не е соодветен за вакви случувања.


Откриените нозе дефинитивно никогаш не одат во комбинација со театарските претстави. Од аксесоари, Кајли понесе само златни бразлетни и часовник.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О