Џвакала гума за џвакање 7 часа дневно и сега поминува низ хорор

Британката Клер Ембелтон мислела дека секојдневното џвакање на гуми за џвакање е здрава навика со која допринесува за хигиена во устата, меѓутоа, таа се соочила со сериозен здравствен проблем поради кој ќе мора да ѝ бидат вградени вештачки вилични зглобови.

38-годишната Клер Ембелтон, ИТ експерт и мајка на четири деца, имала една навидум безопасна навика – џвакала гуми за џвакање по седум часа дневно. Меѓутоа, после пет години секојдневно џвакање, оваа жена се соочила со сериозно оштетување на својата вилица поради кое ќе мора да оди на операција.

Имено, поради пречестите еднолични движења, нејзините вилични зглобови (темпоромандибуларни зглобови) се оштетиле до таа мерка што Клер не можела да ја отвори устата повеќе од еден сантиметар, пишува Daily Mail.

Бидејќи тоа ѝ причинувало големи проблеми при јадењето, па дури и при зборувањето и смеењето, несреќната жена морала да се обрати за помош кај лекар.



„Кога ми рекоа дека џвакањето на гуми за џвакање предизвикало ’трошење’ на виличните зглобови кои сега се практично неупотребливи, бев шокирана. Гумите претежно ги џвакав после јадење или пиење затоа што верував дека така придонесувам за хигиената во мојата уста. Притоа, секогаш водев сметка гумите за џвакање да бидат без шеќер, кои не ја оштетуваат забната глеѓ“, објаснува Ембелтон.

Првиот „симптом“ на оштетување се појавил пред две години кога среде јадење, вилицата ѝ „крцнала“.

„Тоа беше многу непријатно чувство кое и подоцна продолжи да се повторува. Меѓутоа, јас не ни претпоставував дека тоа има врска со гумите за џвакање, па продолжив да ги конзумирам после секој оброк“.

Една година после тоа, додека ја џвакала гумата за џвакање од својот омилен производител, нејзината вилица одненадеж се укочила. Нејзините обиди за нешто да изусти и да ја „врати“ вилицата во лежиштето биле многу болни.

Откако ѝ било констатирано пореметување на темпоромандибуларниот зглоб, познат како ТМЗ, кој вклучува проблеми со виличните зглобови и мускулите кои ги опкружуваат, Клер Ембелтон била упатена на оперативно лекување.



„Станува збор за сериозна операција, затоа што лекарите ме сечат под ушите од двете страни и на вратот. Закрепнувањето е долго и постои опасност од трајни лузни. Сето тоа многу ме плаши, но немам избор“, вели таа.

Оваа жена одлучила да проговори за својот проблем за на сите луѓе да им укаже на опасноста од преголемата употреба на гуми за џвакање кои, всушност, не се воопшто здрави. Како што лекарите ѝ објасниле, човечката вилица не смее непрестано да биде во функција измеѓу оброците и дека мускулите кои ја поддржуваат треба да одмараат. Во спротивно, тие ја губат својата функција и доаѓа до здравствени проблеми.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О