Мистерија стара 800 години што уште никој не ја решил

Британската библиотека отвори јавен повик во кој бара од читателите, но и од сите останати, помош во решавањето на една мистерија стара осум века. Проблемот што ги измачува е поставен на еден меч кој е дел од изложбата Magna Carta: Закон, слобода, наследство, која е позајмена од Британскиот музеј.



Мечот тежи 1,2 килограми, долг е 964 милиметри, а има рачка долга 165 милиметри. Пронајден е во река во 1825 година и се уште е доволно остар за да биде опасен, иако датира од 13 век. Претпоставките се дека е направен во Германија.

Проблемот што ги измачува е напишан по должината на сечилото со златни букви, а гласи +NDXOXCHWDRGHDXORVI+.



Во Британската библиотека се уверени дека станува збор за некаква религиозна порака, но целосно им е непознат јазикот на кој е напишана пораката за да го дешифрираат нејзиното значење.

Мечот е изложен заедно со ракопис од 14 век, кој ја опишува француската инвазија на Нормандија во 1203 година, а на илустрациите има мажи со слични сабји.

Меѓу бројните луѓе со предлози и конкретни решенија е и Марк Ван Хаселт од Универзитетот во Утрехт кој тврди дека видел десетина вакви мечеви. Верува дека натписот е на латински, а смета дека NDXOX значи Nostrum Dominus (нашиот Бог) или Nomine Domini (името господово). Тој додава дека останатите букви може да се иницијали на разни светци.



На крајот тој вели дека составувањето на сложувалката, може да помогне во подобро решавање на мистеријата. Додава дека дури и ако никогаш не успееме целосно да ги дешифрираме натписите, тие може да не одведат малку поблиску до разбирањето на нашите предци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О