Авион со дупка од гром и уништено стакло успеал безбедно да слета

Авион на американската компанија „Delta Airlines“ на летот од Бостон за Солт Лејк Сити морал принудно да слета во Денвер, откако влегол во големо невреме што го оштетило леталото до тој степен што пилотот одвај го приземјил.



Невремето проследено со град го изрешетало ветробранското стакло на Airbus A320, а му отпаднал и дел од носот по удар на гром. Патниците за време на најлошите 10 минути од летот низ невремето биле преплашени, а многумина врискале и плачеле.

„Често летам, но ова беа 10 најстрашни минути во мојот живот“, раскажа за Fox News патникот Робин Џонс.

„Видовме искршено прозорско стакло, дупка над моторот каде што гром го погоди авионот. Видовме и дека му отпадна носот. Беше страшно“, вели Роб Визман, друг патник.



Едно лице по слетувањето било префрлено во болница.

Екипажот во итната ситуација морал да делува брзо, па леталото, штом добило дозвола за слетување во Денвер, почнало нагло спуштање. За помалку од две минути се спуштило за повеќе од 4.200 метри, за на крајот успешно да слета.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О