Тајно се венчаа Џенифер Анистон и Џастин Теро

Еден од најзгодните холивудски парови реши тајно да се венча на приватна забава на која биле поканети најблиските пријатели и колеги. Џенифер Анистон и Џастин Теро се венчаа во нивниот дом во Лос Анџелес, пренесува CNN.



По години чекање и шпекулации може да се каже дека Џенифер Анистон повторно го кажа судбоносното „да“, овој пат со колегата Џастин Теро. На интимната церемонија присуствувале 70 гости, меѓу нив и поранешните колеги на Анистон од серијата „Friends“, велат извори на магазинот People.

Анистон (45) и Теро (43) беа свршени 3 години, а претходно со години беа пријатели пред да ја започнат врската. Љубовниот живот на Анистон е под лупата на папараците од нејзиниот развод со Бред Пит од 2005 година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О