Видео: Нов светски рекорд за скок од височина во вода
Швајцарецот Ласо Шалер постави нов рекорд за скок во вода од височина. Според швајцарските медиуми, 27-годишниот Шалер скокнал од височина од 58,8 метри, што е повисоко од кривата кула во Пиза или од зграда со 19 спрата.
Неговиот слободен пад траеше четири секунди, а при допирот со водата, неговата брзина била 123 километри на час.
Сепак, скокот поминал без ниту една повреда или било каков инцидент.