Вентворт Милер и Доминик Пурсел се враќаат во познатите улоги на браќата Мајкл и Линкон во десет нови епизоди. Креаторот на серијата, Пол Шуринг, веќе работи на сценариото а приказната ќе продолжи неколку години по оригиналното финале на серијата од 2009 година.
„Prison Break“ се прикажуваше 2005-2009 и заврши со последната, четврта сезона.