Се сеќавате на жената со брада која победи на Евровизија? Кончита денес изгледа сосема поинаку


Кончита Вурст во последно време се одлучила за помаженствен стил, бидејќи вели дека чувствува оти постигнала се` што може со ликот на брадестата жена со која победи на Евровизија.

Пред три години Кончита Вурст ја претставуваше Австрија на Евровизија со песната „Rise Like A Phoenix” и ја однесе победата. Кончита, чие вистинско име е Том Нувирт, е млад австриски трансвестит и уметник кој таа година стана вистинска сензација на Евровизија.



Со доаѓањето на сцена во фустан и со брада, сакал да покаже дека неговата земја покажува толеранција и ги прифаќа различностите и сакал да им биде пример на останатите. Во тој период стилот на пејачот беше многу женствен, речиси во секоја пригода носел фустани и чевли со високи потпетици, но најновите фотографии на неговиот профил на Инстаграм покажуваат дека тој стил сега го променил за многу помаженствен.



Во интервју за „The Welt“ Кончита објаснила што се крие зад промената на стилот. „Чувствувам дека со брадестата жена постигнав се` што можев и можеби е време тој дел од себе да го пратам во пензија и да создадам нова личност“, рекол тој.



Во приложените фотографии погледнете како изгледа Кончита во помаженствена верзија.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О