Топењето на мразот на Антарктикот открило мистериозен објект! Жителите тврдат: Тоа е најголемиот НЛО


Жител на Нижњег Тагила, Валентин Дегтјарјов, тврди дека открил вселенски брод на Антарктикот, пренесува рускито портал "Ура".

Тој го открил ова проучувајќи снимки од Земјината површина.

"Случајно најдов нешто неверојатно. На веб-странта "Google Earth" на координатите 73°13'55.09 J, 71°57'12.98 З, на Антарктикот, на 170 километри од брегот, на карпа се наоѓа тоа што се нарекува вселенски брод", изјавил Дегтјарјов.

Тој претпоставува дека 600 метри долгиот вселенски брод удрил во карпата и "засекогаш останал заробен".

Според зборовите на специјалистите за пронаоѓање на артефакти, тој успеал да го открие поради топењето на мразот на Антарктикот.
"Фотографиите се направени во период од 1989. до 2013. година, но секаде е еден ист објект", наведува истражувачот. "На некои се гледа повеќе, на некои помалку".

Тој има единствен облик - "елипсоиден уред во облик на диск со видливи ракетни мотори", истакнал човекот.

"Очигледно е дека ова не најголем НЛО на нашата планета. Тој е добро сочуван и нема да биде тешко да се пронајде", додал Дегтјарјов.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О