Десет месечно бебе се борело за живот со отровна змија!

Во провинцијата Бак Гианг во Виетнам, се случил инцидент кој преставува кошмар за секој.
Имено, ништо што доживеала во својот живот не би можело да ја припреми на оваа несреќа која ја доживеала една виетнамска мајка. Таа кога го слушнала својот 10 месечен син како силно плаче и вика, дотрчала до него и видела како се бори со змија отровница, со едниот прст во нејзините вилици.
Инцидентот се случил во семејната куќа, откако мајката го оставила својот син во колевката во дворот и влегла во куќата. Кога го слушнала силниот врисок, излетала надвор и видела како змијата го гризнала детето за показалецот на десната рака.

Студент осуден на шест месеци затвор поради "лајк"!?

Доколку мислевте дека можете на Фејсбук да правите што сакате и да лајкнувате се што ќе видите, тогаш гадно сте се излажале. А тоа најдобро го знае и на своја кожа го осетил Анас Исмаили.
Еден дваесет и деветгодишен студент од Палестина е осуден на шест месеци затвор поради тоа што на Фејсбук ја притиснал опцијата "like" на статус кој ја критикувал палестинската власт.



Студентот е прогласен за виновен за јавна клевета и оговарање, а уапсен е истиот ден кога судот во Бетлехем му изрекол и едногодишна казна затвор на палестинскиот новинар Мамдоух Хамамрех кој споделил фотографија од претседателот Аббаса на која е прикажан како негативец и шпион.

Удинезе добива нов модерен стадион

Италијанскиот прволигаш Удинезе ќе изгради сопствен стадион. Стадионот Фриули кој е изграден за СП 1990 година ќе биде темелно реновиран.
Новиот стадион на Удинезе се очекува да има прима 25.000 гледачи, а градежните работи ќе започнат веднаш по завршувањето на актуелната сезона во италијанската Серија А.

Кога на луксузот му нема крај...

Вилата Кишти е медитативно, балиско-инспирирано прибежиште за софистицираните и секако богати љубители на овој прекрасен поглед и дизајн.
Оваа вила се наоѓа на Карибите и ги предизвикува традиционалните поими за засолниште и природа како одделни домени, со ентериер и екстериер замаглени во инвентивна и лесна игра, дополнети со едноставниот дизајн на градината.












ВМРО ДПМНЕ: На СДСМ сега и ДИК им е виновна за поразот

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ која до Управниот суд поднесе повеќе од 100 тужби, истакнува дека опозициската партија виновникот за поразот на изборите сега го бара и во ДИК, а не во себе.
Сега на СДСМ и ДИК им е виновна за катастрофалниот пораз. Се додека вината и причините за поразот не почнат да ја гледаат во себе, ќе останат заглавени во темнината, која Бранко Црвенковски им ја креира и во која самите се веќе предолго заробеници. Сите се криви само Бранко Црвенковски и раководството на СДСМ не се криви за нивниот пораз. Очигледно СДСМ е во очај, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Фризурите на ѕвездите - секси долг „боб“


„Боб“ фризурата важи за омилена меѓу жените ширум светот, па не изостануваат никогаш ниту ѕвездите.
frizurite-na-zvezdite-seksi-dolg-bob-01
Нешто подолгиот боб е најпрактикуван, односно коса со средна должина на коса, до раменици.
Долгиот боб е елегантна фризура, а истовремено младолачка и секси.
Постојат разни варијанти, со шишки и без, одговара на сите типови коса и облици на лице.

Впечатливи светкави нокти (фото)


vpecatlivi-svetkavi-nokti-foto-1Уште само неколку денови не делат од празничното расположение, светкавите детали и модни комбинации. Зошто да не пробате оваа новогодишна еуфорија да ја пресликате на вашите нокти?
Не се жалете дека едноставно не знаете како тоа да го изведете, напротив – експериментирајте. Одберете неколку интересни лакови, задолжително земете и светкав прав во неколку бои и безбоен лак.
По желба додадете монистри и најразлични додатоци за нокти. Не ја штедете ниту креативноста, ниту трудот – сиот вложен напор ќе биде забележлив.
Ви нудиме неколку едноставни идеи и начини како сами да направите впечатливи нокти инспирирани од празничното расположение.

Топ чевли за мажи за Пролет 2013


Една од карактеристиките на машките чевли за пролет 2013 е мешање на трендовите. Можете да носите елегантни чевли на фармерки, но и спортски чевли на одело.
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-01
Но, сепак, внимавајте да не претерате. Во тренд се и чевлите во бои, но и оние од брусена кожа и слични материјали.
Ова се избор од најновите колекции на светските дизајнери:
Brunello Cucinelli
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-1
Fendi
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-2
Gucci
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-3
Gucci
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-4
Hugo Boss
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-5
John Varvatos
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-6
Lacoste
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-7
Prada
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-8
Prada
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-9
Ralph Lauren
moderni-maski-cevli-za-prolet-2013-10

За вљубениците во Convers старките


Вљубениците во модата кои се спремни да одат до крајност, време е да се откажете од високите потпетици и да ги замените со Конверс старките чија мода никогаш не поминува.
istorijata-na-converse-starkite-01
Разбираме, потпетиците се елегантни и ја истакнуваат женската убавина, но старките се поудобни и навистина можете и во нив да го искажете уникатниот секојдневен стил.
Историјата на Конверс старките
Конверс како бренд е присутен на пазарот повеќе од еден век и е бренд кој речиси секој сака да го носи, без оглед на возраста, полот или стилот.
Во 1908 година Конверс дојде до оригинална идеја, бидејќи гумени патики дотогаш никаде не беа видени. Тогаш младата и неразвиена компанија започна да ја поддржува кошарката, како еден исто така млад и неразвиен спорт.
Во 1918 година, Конверс започна соработка со тогашниот врвен кошаркар Чак Тејлор. Неговата техника за продажба е една од најпознатите до ден денес, а таа беше токму искористена за гумените старки. Овие патики се одлични за кошаркарите заради високото платно кое го имаа и го штитеа глуждот на ногата, кој најчесто страдаше во овој спорт. Барем тоа беше рекламата на Чак Тејлор. Во периодот од 1958 до 1968 старките беа достапни во многу бои и шари.
istorijata-na-converse-starkite-02
Денес, многумина може и да не знаат кој е Чак Тејлор, но затоа сигурно сите го препознаваат моделот на патика наречен Конверс старка.
Откако производството на Конверс се пресели од САД во Виетнам, доживеа навистина неуспешни неколку години, до 2001та година. Истата година, Конверс беше откупен од страна на силен бренд кој не се обиде да им го смени ниту логото, ниту името, па така Конверс се здоби со 7мото место во производство на обувки. Извор Црно Бело

Подготовка за почисто лице


Не верувате дека вашето омилено чоколадо може да ви помогне во борбата против акните?
cokoladna-maska-za-pocista-koza-01
Чоколадната маска се препорачува од врвни дерматолози доколку имате проблем со нечиста кожа и ситни акни по лицето. Чоколадото е полно со антиоксиданси, па затоа е идеален лек за несаканите промени кои се случуваат на кожата. Покрај тоа, какаото е полно со лековити својства.
Така што, доколку имате проблем со уморна, сува или нечиста кожа, задолжително испробајте го рецептот за оваа чоколадна маска.
Состојки:
  • 50 гр темна чоколада без шеќер
  • Две лажици слатка павлака со ниска масленост
cokoladna-maska-za-pocista-koza-1
Подготовка:
Стопете го чоколадото на пареа, за да не се направат грутки. Кога ќе биде растопено чоколадото, промешајте го со павлаката. Мешајте ја смесата на тивок оган, додека не добиете еднолична смеса.
Оставете ги чоколадото и павлаката да се оладат, а потоа нанесете ја смесата на лицето, вратот и деколтето.  Оставете да делува околу 20тина минути, исплакнете со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Што открива дезенот на краватата за карактерот на мажот?


Ако сакате на прв поглед да го дефинирате мажот кој ви се допаднал, сега имате шанса. Проценете каква кравата одбрал да носи во моментот кога сте го забележале и одлучете се веднаш дали ви се допаѓа она што се крие во него.
sto-dezenot-na-kravatata-kazuva-za-mazot-01
Мажите кои носат кравата со цветен дезен се оптимистички и весели личности. Секогаш ќе ја пронајдат ведрата страна на нештата. Уживаат во секој ден кој доаѓа, а со проблемите не се замараат премногу. Тие не се обидуваат да направат сè одеднаш, туку сакаат кога работите се распределени и смирени. Од ваквите мажи може многу да се научи, посебно за животот и ставовите, а посебно околу избегнувањето на стресот.
sto-dezenot-na-kravatata-kazuva-za-mazot-02

Можеби веќе знаете и сте забележале дека лептир машни носат исклучиво јаките индивидуалци. Тоа се професори кои сакаат нешто да променат. Личности кои се научени да бидат поразлични и посебни од останатите. Претопување во масата едноставно за нив е нешто неверојатно глупаво и непознато, посебно кога станува збор за стилот на облекување. Секогаш сакаат да носат нешто со 

Најдобрите фризури


Средната должина на коса е најчест облик кај понежниот пол затоа што е полесна за одржување од долгата, а и понатаму е женствена.
moderni-zenski-frizuri-za-sredna-dolzina-na-kosa-01
За овален облик на лице, одговараат сите видови шишки. Ако имате долгнавесто лице, добро ќе ви стојат густи кратки шишки.
Лицето со квадратен облик најмногу одговара со слоеви и локни. Ако имате округло лице, бирајте шишки на страна и степенаста коса.
Ова се предлог фризури за оваа пролет:
moderni-zenski-frizuri-za-sredna-dolzina-na-kosa-1
moderni-zenski-frizuri-za-sredna-dolzina-na-kosa-2

Најголемата продавница за чевли во светот


Level Shoe District во Дубаи е најновиот најголем простор опремен за продажба на чевли. Се простира на 96.000 метри квадратни и е сместен во центарот на луксузниот трговски центар.
najgolemata-prodavnica-za-cevli-vo-svetot-1
Над 250 модни дизајнери ги доставуваат своите нови модели на чевли токму тука. Шанел, Диор, Фенди и Версаче се само неколку од најистакнатите.
Сите посетители на едно место може да ги разгледаат сите модели на врвните бренови и да се почувствувате доста разгалено од услуга.
Целта на инвеститорот била токму таа која е постигната - ова место да биде рај од бои и модели на чевли.
Ентериерот е составен од неколку целини, поточно неколку соби кои се посебно уредени со своја, уникатна приказна. Амбиентот е неверојатен и незаменлив.
najgolemata-prodavnica-za-cevli-vo-svetot-2
najgolemata-prodavnica-za-cevli-vo-svetot-3

Дознајте како секогаш да имате на ум што да облечете


Една од главните женски маки е токму недостатокот на соодветна комбинација, и покрај толку многу парчиња облека во гардероберот.
kako-sekogas-da-imate-sto-da-oblecete-01
Не бидете во заблуда дека треба постојано да ја обновувате гардеробата за да имате што да облечете, туку едноставно организираноста многу повеќе помага.
Практикувајте ги следниве совети за секогаш да се чувствувате уредно и задоволно.
1. Престанете да купувате без план. Секој денар кој ќе го потрошите на нешто непотребно, сметајте дека за некое време ќе ви затреба за нешто што ќе ви го украде срцето.
2. Исчистете го гардероберот. Тоа што гардероберот е полн со облека од пред 5 сезони, нема да ви помогне. Олеснете си ги утрата и наредете ги најчесто носените парчиња на дофат.
3. Средете ја облеката според намената, бојата или стилот.
4. Направете попис на работите кои не ви требаат и обидете се да ги препродадете ако се добро сочувани.
5. Избегнувајте да купувате облека на која модата брзо и минува.
6. Купувајте облека која веќе имате со што да ја носите.
7. Не купувајте нешто слично што веќе го имате, без оглед на тоа колку е ефтино.
8. Секој месец подновете се со едно или две парчиња, но со претходно добро осмислени комбинации за носење.
9. Не мора да биде најскапо за да е квалитетно. Никогаш не фрлајте многу пари само затоа што сакате џемпер од кашмир.
10. Клучните парчиња облека купувајте ги во неутрални бои.
11. Купувајте повеќе еднобојни парчиња облека. Принтовите и шарите бргу здосадуваат.
12. Ако не знаете како да се облечете, секогаш дотерајте се малку повеќе. Секогаш е подобро да бидеш дотеран, отколку да имаш чувство дека не се вклопуваш.

Како изгледаат пролетните нокти на ѕвездите?


Уредните нокти и негуваните раце се најдобриот аксесоар кој секогаш можете да го носите. Ако имате омилена ѕвезда чии нокти секогаш изгледаат беспрекорно, не плашете се да го копирате маникирот.
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-01
Пролетните денови изгледа се навистина голема инспирација за ѕвездите кога станува збор за боите и дезените.
Дали се на црвениот тепих или пак на обична дневна прошетка, тие речиси секогаш изненадуваат со нешто ново и необично.
Ова се најдобрите пролетни маникири кои досега ги забележавме.
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-1
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-2
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-3
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-4
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-5
kako-izgledaat-proletnite-nokti-na-zvezdite-6

Експлозија на цветни дезени и минимализам во новата колекција на Зара


Последниот каталог на Зара за пролет 2013 ја продолжува минималистичката инспирација која брендот ја истакнува веќе подолг период.
eksplozija-na-cvetni-dezeni-i-minimalizam-vo-novata-kolekcija-na-zara-01
Шарените принтови се вистинско пролетно освежување. На едноставен и софистициран начин Зара ја претставува новата колекција полна со бели парчиња облека чија едноставност е разбиена со неколку пастелни бои и цветни дезени.
Блузи кои лесно паѓаат, не оцртуваат, фустани со геометриски принтови, вечно модерни црно бели комбинации и цветните комплети се само едни од совршено дизајнираните целини на Французинката Ајелин Валад.
eksplozija-na-cvetni-dezeni-i-minimalizam-vo-novata-kolekcija-na-zara-02

Многу тивка но неможете ни 10 секунди да ја слушате, морничаво, ќе појдете во огледало

Оваа песна е многу страшна и морничава за оние помалите.Пробајте. За крадење на ова задолжителен линк!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О