Прашањата кои пред осум години според СДСМ “не заслужуваа одговор“, сега предизвикаа разочараност кај Македонците. Историјата се повторува во Струга и Кичево.
Границите на Кичево се скроија во тоа време како резултат на територијална реорганизација што ја договорија тогаш владејачките СДСМ и ДУИ. Во членот 16 од законот стои дека од 2008 година четирите рурални општини ќе се припојат кон општината Кичево, ВМРО-ДПМНЕ успеа во 2008 година да го измени овој член и да се пролонгира „окрупнувањето“ на општината Кичево за уште еден локален изборен циклус.
Според пописот од 2002-ра година, во Кичево живеат 30.138 жители, од кои 16.140 се Македонци, а 9.202 Албанци. По спојувањето на петте општини, Кичево има околу 56.000 жители, од кои околу 30.000 се Албанци, а околу 23.000 Македонци.
Зајас, Осломеј, Вранешница и Другово станаа дел од Кичево.
Во свој град, Македонците станаа малцинство кое не може да се избори за своите права поради помалиот број граѓани. Се смени етничкиот состав на Кичево и Струга, по волја на тогашните власти. Ним жестоко им се спротивставија граѓаните и тогаш опозициската СДСМ.
Осум години подоцна, на локалните избори во 2013-та година, во такво Кичево не успеаја да победат ниту здружени најголемите македонските партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Најмногу, сепак загубија граѓаните. Истите тие граѓани кои не излегоа на референдум тогаш, не излегоа ниту на гласање во неделата.
Во време кога поразот е очигледен, потрагата по виновници само ќе остане доказ за тоа кој, каде згреши со Кичево и колкава штета им нанесе на Македонците.