САД вчера испратиле невидливи авиони од типот ф-22 во Јужна Кoреја, со кои имаат намера да ја покажат подготвеноста за одбрана од евентуалниот напад врз оваа земја од север.
Северна Кореја го раскина договорот со кој бил завршена Корејската војна, ги прекинала директните телефонски линии со Обединетите Нации, САД и Јужна Кореја, која најавила "остар одговор" при евентуална агресија од север.
Потсетуваме, Северна Кореја во саботата прогласи "воена состојба" со својот јужен сосед. Во изјавите биле најавени "физички реакции на било каква провокација".