Диви со инјекција запиша 20 одбрани


Во првенствениот натпревар од 4. коло на машката суперлига, екипата на Металург го совлада составот на Зомимак М, со резултат 28:22.

divi-500
Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“, но домаќин беше тимот од Струмица. Така се договорија управите на двата тима, а се со цел Металург да го избегне заморното патување до Струмица, пред натпреварот со Киелце. Натпреварот од 9. коло ќе се одигра во Струмица, а домаќин ќе тимот од Автокоманда.
Металург на овој меч одигра со онолку сили, колку што беа потребни да забележи три нови бода, при тоа внимавајќи да не дојде до некоја несакана повреда пред неделното гостување кај полскиот првак Киелце во Лигата на шампиони.
Металург настапи без Станиќ, Козлина и Батиновиќ, а во игра не влегоа и Димовски и Митревски.
Петар Ангелов, кој за потребите на клубот ја откажа веќе закажаната операција и кој настапи со инјекција во коленото, се врати со огромни 20 одбрани и е еден од најзаслужните за победата на Металург.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О