Мурињо му признал на Клоп дека оди во Челзи и го прашал колку бара за Левандовски?!


Германскиот магазин „Билд“ успеал да дојде до ексклузивно признание на тренерот на мадридски Реал, Жозе Мурињо, дека на крајот на сезоната ќе го напушти главниот град на Шпанија и ќе се врати во Лондон.

jose-500
Според наводите во ова списание, португалскиот фудбалски стручњак пред почетокот на првиот полуфинален двобој од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, имал искрен разговор со предводникот на бундеслигашот, Јирген Клоп.
Наводно, „Специјалниот“ му се доверил на тренерот на „Милионерите“ откривајќи му дека на лето планира да се врати во Челзи, меѓутоа разговорот не завршил тука.
Германските новинари тврдат дека главната причина поради која Мурињо се сретнал со Клоп е Роберт Левандовски. Португалецот се интересирал колку ќе бараат челниците на Борусија за полскиот напаѓач.
Да биде работата поинтересна, токму Левандовски подоцна го „потопи“ мадридскиот табор со четири погодоци во „кралската“ мрежа. По триумфот од 4:1, Германците со едната нога веќе се во финалето закажано за на Вембли.
„Индикативно е тоа што двајцата неколкупати пријателски поразговараа и во текот на самиот натпревар, иако меѓу себе се борат за пласман во финалето од Лигата на шампионите“, стои меѓу другото во текстот на „Билд“.
Возвратниот полуфинален меч меѓу детронизираните шампиони на Шпанија и на Германија е планиран за 30-ти април на „Сантијаго Бернабе“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О