Борусија веќе најде замена за Геце


julijan-500 Иако веројатно не го одбра вистинскиот тајминг за тоа, таентираниот германски репрезентативец Марио Геце деновиве си го оствари својот сон, па дресот на Борусија Дортмунд од следната сезона ќе го замени со оној на големиот ривал Баерн Минхен.

Разбирливо, ова не наиде на добар прием кај навивачите на клубот, некои од нив со своите изливи на бес отидоа и предалеку, меѓутоа „Милионерите“ по се изгледа само неколку дена по „големата загуба“ успеаја помалку или повеќе да ја санираат „штетата“.
Имено, доколку може да им се верува на англиските и на германските медиуми, составот од „Сигнал Идуна Парк“ веќе го нашол наследникот на Геце и тоа во 19-годишниот Јулијан Дрекслер, фудбалер за врска од редовите на Шалке.
Договорот на младиот играч со неговиот актуелен тим му истекува во 2016-та година, па Борусија на име на обештетување ќе мора да плати околу 20-на милиони евра. Сепак, дури и тоа можеби нема да биде доволно.
Од Гелзенкирхен негираат дека фудбалерот е на продажба, а на него „око фрлил“ и Арсен Венгер. Се споменува и интерес од Баерн Минхен.
Дрекслер во првиот тим на Шалке беше прекомандуван во 2010-та година, а досега настапи на 104 натпреври и постигна 19 погодоци. Ги мина сите селекции на германската фудбалска репрезентација, а за А-тимот одигра четири меча.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О