
Јанкулоска нагласи дека идните полициски службеници добро ја совладуваат обуката, а мнозинството од нив истата ја поминуваат со успешност од околу 60%.
-Деновиве кандидатите ја завршуваат теоретската обука, а од понеделник започнуваат со практичниот дел во секторите на МВР. По 12-месечната обука која ја имаат од 330 избрани кандидати, според успехот ќе се селектираат и финално ќе се рангираат најуспешните 300, кои ќе потпишат договор за вработување во министерството, истакна Јанкулоска.

Јанкулоска им се обрати на кандидатите посакувајќи им среќа во понатамошната обука.
- На сите вас, со оглед на тоа дека денес е еден од последните денови од теоретската обука, ви посакувам успешна практична работа и успешно совладување на сите компетенции кои треба да ги стекнете во текот на овој период кој е пред вас. Тоа е периодот на практичната работа, а потоа следува финалната и можеби најважната фаза, рангирањето на оние кои најуспешно ја поминале обуката за полициски службеник. Ви посакувамуспешна обука, им порача министерката.

Таа додаде дека процесот на селекција се покажал како квалитетен и успешен. Во годината 2012/2013 за вработување во МВР беа пријавени над 7.000 кандидати, од кои 330 влегоа во финалниот круг.
Четириесет од нив се жени, а 290 мажи. При селекцијата запазен е и принципот на етничка припадност.
