Пронајден дел од авионот кој ги сруши кулите Близначки

По цели 12 години од трагедијата, њујоршката полиција во петокот пронашла дел од едниот авион кој на 11 септември 2001 година ги сруши кулите на Светскиот трговски центар, со тоа изведувајќи го едниот од најголемите терористички напади во историјата на САД.

Парчето метал долго метар и половина ја имал ознаката "Boeing" и серискиот број, а истиот е пронајден помеѓу простор во две згради во Њујорк, во непосредна близина на "Ground Zero", местото каде што некогаш се издигнувале кулите на Светскиот трговски центар.




Изненадувачкото откритие ги вратило Американците во иднината и ги потсетило на трагедијата во која својот живот го загубиле повеќе од 3.000 луѓе. "Ова е манифестација на ужасниот терористички чин кој што се случи на само неколку блокови од тука. Ова ни ги враќа грозните спомени на сите нас кои што учествувавме во овој настан", изјавил Реј Кел, претставник од њујоршката полиција. Тој изјавил дека допрва ќе се истражува како парчето метал стигнало до ова место, сугерирајќи дека истото можеби е спуштено од покривот на околните згради.



Полицијата на Њујорк го обезбедила местото каде што е пронајдено парчето од авионот како место на злосторството, јавува "BBC". Националниот одбор за безбедност во авиосообраќајот допрва ќе утврдува дали станува збор за дел од авионот од летот "Airlines Flight 175" или "American Airlines Flight 11".


Трагедијата која на 11 септември ги потресе САД, но и целиот свет, важи за еден од најголемите терористички напади во историјата на човештвото. Тогаш, повеќе од 3.000 луѓе го загубиле својот живот. Денес, каде што некогаш се издигнувале "Кулите Близначки", издигнат е споменик во знак на почит и сеќавање на жртвите.















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О