Реина: Суарез „настрада“ затоа што не е Англичанец!

Ч

уварот на мрежата на Ливепул, Пепе Реина, тврди дека казната од 10 меча забрана за настап, која што ја доби Луис Суарез поради гризнувањето на Бранислав Ивановиќ, е превисока.

pepe-500
Шпанскиот фудбалски интернационалец од голот на „Црвените“ е уверен дека санкцијата за Уругваецот би била далеку поблага доколку во прашање бил англиски фудбалер.
„Го познавам Луис и знам дека е многу поинаков човек надвор од теренот. Тој е извонредна личност и одличен соиграч“, вели Реина.
„Луѓето во Англија го гледаат поинаку и има различен третман бидејќи доаѓа од Уругвај или поради тоа што во минатото имал слични инциденти. Тој знае дека погреши, меѓутоа казната од 10 средби е апсурдна и претерана“, вели Шпанецот во изјавата за англиските медиуми.
Како пример за неправдата кон голгетерот од „Енфилд“, Реина го наведе податокот дека уругвајскиот напаѓач поради расните навреди кон Патрис Евра, кои не биле докажани, добил осум меча суспензија, а Џон Тери, за навредите упатени кон Антон Фердинанд, заработи само четири дуели пауза.
„Ова е срамно и многу лицемерно. Во Англија постојат сензационалистички медиуми кои на некои настани им посветуваат поголемо внимание во однос на другите. Случајот со доказите против Тери, кога тој доби казна од четири средби, е сличен на оној на Луис и Евра, по кој мојот соиграч паузираше на осум пресметки. Мислам дека нештата би биле поинакви доколку зборувавме за англиски фудблер“, порача Реина.
Денеска истекува периодот во кој Луис Суарез може да поднесе жалба на одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О