Големо е незадоволството меѓу навивачите на Борусија Дортмунд деновиве и покрај тоа што германскиот тим речиси избори пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Она кое што ги разлути навивачите на „Милиониерите“ е одлуката на талентираниот Марио Геце да го напушти „Сигнал Идуна Парк“ и од следната сезона да се пресели во редовите на најголемиот бундеслигашки ривал, потенцијален противник на 25-ти мај во елитната завршница на Вембли, Баерн Минхен.
Ова секако не е прв пат еден фудбалер да ги промени клупските бои и да го облече дресот на „омразен“ конкурент. Минатите примери започнаа „традиции“ кои имавме можност да ги видиме деновиве и во Дортмунд.
Сепак, Германците овој пат претераа во изливите на својот бес, неколкумина навивачи дури го претепале помладиот брат на Геце, други му ја обоиле куќата во која живее, а најчести се оние кои ги палат дресовите на Борусија со презимето на овој фудбалер.
Повеќемина веќе успеаја, па и се пофалија со тоа. Сепак, други не само што не ја реализирале оваа своја идеја, туку и самите минале со изгореници. За ова можете да се уверите во следната видео-снимка, која што авторите ја потпишале со краток коментар: „Не успеавме!“