Научното истражување покажало дека количината на сперма кај мажите кои не спијат доволно е доста намалена, и тие имаат намалени тестиси.
Ова истражување е прво кое ја испитувало поврзаноста меѓу недостатокот на сон и плодноста. Истражувањата за сперма кои се направени во минатите неколку години покажаа дека машката плодност е загрозена од лошите диети и лошиот стил на живот, па дури и од хемикалиите кои се наоѓаат во животната средина. Но, последнава студија направена на Универзитетот во Јужна Данска, покажува дека модерните навики на спиење исто така можат да бидат причина за неплодност.

Научниците испитале околу 1.000 мажи во нивните рани тинејџерски и дваесетите години, кои подоцна биле во војска. Им биле поставувани прашања за тоа колку често спијат лошо, а потоа и дали имале потешкотии повторно да заспијат откако ќе се разбудат во ноќта.
Кај оние кои се буделе во текот на ноќта утврдено е дека количината на нивната спрема е за 25% намалена во однос на оние кои немале проблеми со спиењето. Тестовите покажале дека нивните тестиси се значително намалени.

„Проблемите со спиењето се многу зголемени во текот на последните децении, и од тогаш се појавија проблемите со спермата. Резултатите се многу значајни за јавното здравје“ – се наведува во студијата.
Научниците додале дека не е утврдено зошто недостатокот на сон влијае на нивото на спермата. Се претпоставува дека мажите кои помалку спијат имаат нездрав начин на живот, односно имаат вишок килограми, пијат повеќе алкохол и често се пушачи. Постои можност проблемите со сонот да влијаат на нивото на тестостерон.
Експертите препорачуваат дека за одмор идеално е да се спие меѓу 7-8 часа секоја ноќ.