Сончево и топло со летни температури кои ќе достигнат и до триесеттиот степен ќе биде времето денеска во Македонија.
Како што соопштија метеролозите, минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 13 степени целзиусови, а после пладне од 21 до 30 степени.
На поголем дел од територијата ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните делови се очекува да дува југозападен ветер.