Поранешната Плејбој зајачица Џени Мекарти не може да најде момче, па во потрагата и’ помага комичарката и водителка, воедно и нејзина пријателка, Челси Хандлер.
На поранешната Плејбој зајачица Џени Мекарти ништо не и’ помага во пронаоѓањето на совршениот маж, па затоа решила да го побара при гостувањето во емисијата кај Челси.
Таа открила дека нема среќа во љубовта, па во пронаоѓањето на совршениот маж и’ помага пријателката Челси Хендлер, која и’ договара состаноци на слепо.
„И покрај се’ верувам дека ќе си најдам маж за себе во емисијата“ – рекла поранешната зајачица, која ги замолила продуцентите гостите во емисијата да бидат згодни, мускулести и високи.