Гвинет Полтроу го окупираше вниманието на посетителите кои дојда на премиерата на Iron Man 3.
Денес беше прикажан премиерно филмот Iron Man 3 во Лос Анџелес. А обожавателите на филмот не беа само воодушевени од тоа што излезе филмот за нивниот супер јунак, туку и поради глетката со која ги почести Гвинет Полтроу, која беше прогласена за најубава жена за 2013 година според изборот на списанието People.

Убавата блондинка по црвениот тепих се прошета во необична креација. Додека предниот дел и задницата беа прекриени со сатен, од страна носеше проѕирен материјал и покажа не само дека има идеална фигура, туку и дека не носи долна облека.

Одлично расположен беше и главниот актер Роберт Дауни Џуниор кој ја играше улогата на Iron Man.

