Пековиќ не мисли да се враќа во Европа

nikola-500Црногорскиот кошаркарски интернационалец Никола Пековиќ, изјави дека не планира да ја напушти НБА лигата. Не сака да се враќа на Стариот континент дури ни за „добри пари“.
Пековиќ зад себе има извонредна сезона во дресот на Минесота „Тимбервулфс“, екипа со која му истече договорот, меѓутоа сигурно е дека го очекува нов, далеку подобар. Како и да е, дали ќе остане токму во редовите на „Вулфси“ ќе видиме летово.
„Во овој момент сум без ангажман. Реков дека би сакал да останам во Минесота, меѓутоа не зависи се од мене. Се уште е рано, сезоната не е завршена, почна плеј-оф фазата, така што е рано за преговорите, иако има интерес“, вели Пековиќ.
На прашањето дали би се вратил во Европа во случај на добра понуда, Пековиќ има подготвен одговор.
„Не, сигурно не. Иако долго време играв во Европа, НБА лигата е далеку најдобро оранизираната кошаркарска конкуренција на светот“, искрен е Црногорецот.
Пековиќ не пропушти да ја искоментира својата најдобра сезона во кариерата, во која одигра извонредно токму против најтешките ривали.
„Играчите како што е Двајт Хауард од страна можеби изгледаат страшно, меѓутоа по природа не се такви. И тие се луѓе од крв и месо, навистина одлични кошаркари, меѓутоа јас со своите добри изданија заслужив почит кај нив и кај судиите“, додава Пековиќ.
„Како и да е, секогаш може подобро. Презадоволен сум од тоа како помина оваа сезона, се надевам дека ќе не послужи среќата, нема да имаме токму повреди, затоа што мислам дека комплетни можеме да направиме многу“, заклучи центарот.
На крајот, Пековиќ истакна дека верува оти ќе игра за Црна Гора на престојното Европско кошаркарско првенство, кое што ќе се одржи во септември во Словенија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О