"Достоинство" во одбрана на Жерновски

"Достоинство" во одбрана на Жерновски

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов застана во одбрана на Андреј Жерновски.

Не сум чул изјава на Андреј Жерновски во врска за спомениците на бранителите, рече Ангелов одговарајќи на вчерашното соопштение од "Бедем" во кое се повикува Жерновски да не ги отстранува спомениците.
Тие се здруженија формирани од ВМРО-ДПМНЕ кои се појавуваат кога треба да обработат нешто за нив. Не го запомнив името на здружението, но каде беа кога протестиравме против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана и ги прашувам дали ќе ја прифатат иницијативата за референдум да им се забрани на припадници на УЧК да вршат јавна функција, иницијатива која утре ќе ја поднесеме до државната изборна комисија, рече Ангелов.

Во вчерашното соопштение на здружението "Бедем" новоизбраниот градоначалник на општина Центар беше повикан да не ги отстранува спомениците.

Иако свесни дека остранувањето на спомен обележјата на истакнати македонски дејци не е во Ваша надлежност, Ви ставаме јасно до знаење дека доколку се дрзнете на ваков чекор ќе се соочите со жестока реакција на нас бранителите. Но тоа ќе биде реакција и на македонскиот народ кој е горд и со достоинство, свесен за својата историја. Овде не се работи за политика, туку за одбрана на националното достоинство, за одбрана на патриотските чувства и оддавањето почит кон луѓето кои со сопствена жртва се вградиле во создавањето на оваа држава, наведуваат од „Бедем“ во писмото до Жерновски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О