(ВИДЕО) Жерновски: Јас сум човек кој сака да гради, а не да урива, но ќе барам ревизија за трошењето!


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски за А1он вели дека ги почитува и се поклонува на сите оние кои се вградија во Република Македонија и кои се бореа за нејзино ослободување и за одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверинитет.

-Никој нема право да ги присвојува борците или бранителите. Никој нема екслузивно право само тој да се нарекува патриот. Сите ја сакаме Македонија и работиме за нејзиното добро, рече Жерновски.
Тој ги отфрла сите изјави дека наводно сакал да урива споменици од „Скопје 2014“ со кои им се оддава почит на личности од славната македонска историја, на бранителите или борците.
-Јас сум човек кој сака да гради, а не да урива, вели тој, прецизирајќи дека како што ветил во изборната програма, ќе бара ревизија за тоа како се потрошени народните пари за Скопје 2014.
Жерновски вели дека нема да урива споменици, но дека на некои од нив не им е местото во центарот на Скопје и дека ќе се најде подобар и поадекватен простор одредени споменици. Тој стави мораториум на „Скопје 2014“ се додека не се испитааат сите правни и финансиски аспекти од овој проект.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О