Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ почнаа со реализација на проектите


Со реализацијата на проектот Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води во општина Илинден за над 1000 жители трајно ќе се реши проблемот со фекалната канализација. Претходно тие имаа септички јами и секое едно семејство мораше месечно да издвојува помеѓу 1000 и 2000 денари за празнење на тие спетички јами. Значи покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата ќе има заштеда за секое едно семејство во ова населено место од околу 2000 денари. Ова го нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета на општина Илинден каде се реализира проектот проект за Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води.

mile zika-500
-Овој проект е еден од многуте проекти кои се реализираат од средствата кои ги доби Владата од Европската инвестициона банка. Во моментов се завршени шест проекти, а на 24 локации, во 24 општини ширум територијата на Република Македонија се одвиваат градежни работи, нагласи Јанакиески.
Тој посочи оти е добро што со реализацијата на овој прокет за некаде над 1000 жители трајно ќе се реши проблемот со фекалната канализација.
-  Претходно тие имаа септички јами и секое едно семејство мораше месечно да издвојува помеѓу 1000 и 2000 денари за празнење на тие септички јами. Значи покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата ќе има заштеда за секое едно семејство во ова населено место од околу 2000 денари, рече Јанакиески и додаде дека тоа било едно од главните ветувања и дел од предизборната програма и како што рече, таа програма веќе започна да се реализира.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски информираше дека станува збор за изградба на канализационен сегмент во населеното место Кадино во должина од 4 000 метри и пречистителна станица со капацитет за 1 250 еквивалент жители.
- Целта е да го реализираме проектот заради подобрување на условите на живеење на граѓаните бидејќи во поголем дел на населеното место и на општината подземните води се релативно високи, изјави Стојановски.
Инаку, станува збор за канализационен систем со пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините.
Рок на завршување на градежните активности и предавање во употреба на овој сегмент е до крајот на годината.
Ваков еден систем во должина од 5 700 метри со пречистителната станица за 1250 еквивалент жители веќе е изграден и пуштен во употреба во населеното место Марино. Паралелно градежните екипи се насочени кон изградба на уште еден сегмент во населеното место Илинден.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О