ФОТО: Прилеп добива најмодерна кино сала


Градот под марковите кули ќе добие нова и најмодерна кино сала. Денеска започнаа градежните активности за изградба на новото кино на просторот на сегашниот ресторан до Центарот за култура.

kino4-500
 Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека соработката со Локалната Самоуправа и Министерството за култура, кое во изминатиот период финансираше неколку проекти во Центарот за култура во вкупна вредност од 7,5 милиони денари продолжува со нови инвестиции и вложувања во оваа национална установа од областа на културата.
kino2-500
За изградба на новото кино ќе биде инсталирана најсовремена опрема со сите најмодерни придружни содржини. Преку 200.000 евра се обезбедени од Министерството за култура за набавка на овој тип опрема. Во наредниот период се очекува да започне и реконструкцијата на самата сала со потребниот инвентар, мебел и комплетно внатрешно реновирање на ентериерот и екстериерот за се да биде во најсовремен европски стил.
kino-500
Во рамки на кино салата ќе има и кафатерија по сите светски трендови со пиење кафе, пуканки, се она што оди со гледањето на филмови.
Неодамна при посетата на Министерката Канческа-Милевска во Прилеп беше предаден и новиот дигитален проектор како дел од проектот за набавка на проектори за Центрите за култура низ државата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О