Кралев присуствуваше на отворен ден на ФИНКИ


На отворениот ден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на кој идните студенти имаат можност да се запознаат со можностите кои ги нуди оваа високообразовна институтција присуствуваше и министерот за образование и наука Панче Кралев.

Kralevvv-500
Кралев изјави дека техничките науки се дефицитарни, а  се најбарани на пазарот на трудот. Сегашните и идните студенти преку Министерство, посочи тој, имаат можност за посетување на семестар на Универзитетот во Бостон.
- Од оваа година почнуваат и т.н. летни кампови за талентирани ученици кои се организираат заедно со ФИНКИ на Машинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет, а се овозможува престој од три недели каде што учениците ќе работат со професорите од овие факултети, рече Кралев.
Деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов информира дека четири реномирани странски компании биле во посета на Факултетот и оти барале инженери за новите компании. Тој посочи дека заинтересираноста за студирање на овој факултет е голема и оти минатата година биле запишале 680 студенти.
- Во изминативе две-три недели, три четири странски компании беа во посета на ФИНКИ барајќи нови информатички инженери кои ќе се запишат и ќе се вработат во нивните компании. Бараа луѓе кои ќе работат во нивните компании, истакна Трајанов.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О