Ирските медиуми го пренеле бизарниот случај во кој жена, мајка на четири деца, починала од секс со куче. Таа и Шон Мекдонел (57) го испланирале овој несекојдневен чин допишувајќи се на интернет. Таа доброволно се согласила на секс со вучјакот на Шон.
Шон Мекдонел е обвинет за содомија, и се верува дека е првата личност на која според законот ќе и’ се суди за ваков акт. Тој се појавил пред Окружниот суд во Лимерик, Ирска, поради обвинението дека на својот вучјак му наредил да има сексуален однос со жена (43) која починала од алергиска реакција предизвикана од овој чин. Имено, жената била алергична на спермата на кучето.
Ирските медиуми пренеле дека починатата жена, инаку мајка на четири деца, и Мекдонел го испланирале овој бизарен чин допишувајќи се на интернет, како и дека таа доброволно се согласила.
Подоцна истата вечер, после чинот, на жената и’ се слошило и таа била примена во локалната болница, во која набргу починала.
Тестовите покажале дека таа умрела од тешка алергиска реакција слична на онаа која може да биде предизвикана од кикиритки.