Четири чуварки забремениле од ист затвореник


Еден од затворениците во затворот во Балтимор успеал да забремени дури 4 чуварки, а со откривањето на случајот, била откриена и мрежата на корумпирани чувари.
Затворот во Балтимор, во американската држава Мериленд, станал вистинско гангстерско гнездо во кое што со години непрестајно се вршеле криминални дејствија, како што е трговијата со дрога и перењето пари.



Доказ за катастрофалната состојба во казнено-поправната институција е и фактот дека дури четири чуварки останале бремени од ист затвореник. Според известувањата на локалните медиуми, затворот во Балтимор е надвор од контрола. Во рамките на затворот дејствуваат и членовите од бандата "Блек Герила", која што ја развила трговијата со дрога и високо профитната операција за перење на пари. 


Овој паралелен пазар е оформен со помош на 13 корумпирани чувари, во поголемиот дел жени, а тие сега се наоѓаат во групата од дваесетината обвинети. Потплатените чувари на членовите на бандите им носеле најразлични забранети предмети, како што се мобилните телефони и лекарствата.

Можеби најшокантната информација поврзана со овој затвор е онаа дека дури четири чуварки останале бремени од ист затвореник, дотичниот Трејвон, а две од нив дури и го истеровирале неговото име на вратот и на зглобот од раката. 


Бандата била основана во Калифорнија во текот на 1960-те години, а денес таа има свои "филијали" на речиси целата територија на САД, особено во големите градови. Според податоците на американското министерство за правда, криминалната организација започнала со своето делување во Балтимор кон крајот на минатиот век, занимавајќи се најчесто со трговија со наркотици. Ваквата ситуација во затворот во Балтимор траела од 2006 година.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О