Три млади девојки кои исчезнале пред десетина години, тогаш две од нив биле малолетни, се пронајдени живи во една куќа во Кливленд, во средишниот дел на Америка, објави вчера американската полиција.
Ројтерс јави дека 52-годишниот Ариел Кастро, возач на школски автобус од Кливленд е уапсен како главен осомничен.
Соседот, Чарлс Рамзи раскажал за телевизијата „Еј-Би-Си“ дека забележал една од девојките која викала и се обидувала да излезе од куќата во Кливленд.
Кога и се приближил, таа му рекла „помогнете ми да излезам, овде сум одамна“. Тогаш тој ја скршил вратата, а таа излегла со мало девојче во рацете. Од мобилниот телефон повикала полиција.