Започна „судењето на векот“


Во Минхен започна долгоочекуваното „судење на векот“. Главната обвинета е Беате Чепе, која помеѓу останатото се товари и за учество во низа убиства на граѓани од странско потекло.
Тивката Беате Чепе, офанзивни адвокати и строги мерки за безбедност. Тринаесет години после првото убиство кое го извршила десничарската терористичка група Националсоцијалистичко подземје (НСУ) во понеделникот пред Вишиот суд во Минхен започна судењето за серијата најтешки неонацистички злостори. Тоа е една од најважните судски постапки во послевоената историја на Германија.

Десет убиства

Судењето започнало со речиси половина час задоцнување. Малку подоцна накратко е прекинато бидејќи адвокатите на обвинетите поднеле барање за исклучок на претседателот на судскиот совет Манфред Гецл. Судот објавил дека за тоа ќе одлучи подоцна, и дека одлуката ќе биде соопштена на продолжението на процесот кој е закажан за 14 мај. Причината за барањето е наредбата на судијата адвокатите на обвинетите пред влез во судницата да се претресат за да се утврди дали се евентуално вооружани. Кај претставникот на Државното обвинителство не бил извршен претрес.

Членовите на терористичката група НСУ меѓу 2000 и 2007 година убиле осум лица со турско, и едно лице со грчко потекло, како и една германска полицајка. Исто така извршиле и два бомбашки напади, и бројни кражби на банки. Бандата е откриена дури во 2011 година.


Обвинатата се брани со молчење

Беате Чапе (38) е обвинета дека ја основала НСУ заедно со Уве Бенхарт и Уве Мундлос, кои убиле десет луѓе и во ноември 2011 извршиле самоубиство за да го одбегнат апсењето. Таа е доведена во судницата без лисици на рацете. До сега одбила изјаснување за обвиненијата. Нејзините адвокати најавиле дека таа ќе се брани со молчење. Ако се докаже нејзината вина, и’ се заканува доживотна казна затвор.

За соучество во убиствата обвинети се и поранешен официјалец на неонацистичката партија НПД Ралф Волебен и извесниот Карстен С. Тие наводно го набавувале оружјето. Андре Е. и Холгер Г. се товарат за помош на терористичка организација.



Две и пол години до пресудата?

Судењето непосредно го следат и членови на семествата на жртвите. При почетокот на судењето, околу судницата протестирале различни групи против расизам и екстремни десници. Судницата ја обезбедуваат стотици полицајци.

Судската постапка најпрво требала да започне на 17 април, но поради тоа што не било обезбедено место за турските медиуми во судницата, постапката била одложена.

За сега е предвидено дека судењето ќе потрае до јануари 2014 година, но упатени лица сметаат дека до донесувањето на пресудата може да поминат и две до две и пол години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О