Емирот од Катар ќе му ја предаде моќта на својот син!

Емирот на Катар, шеик Хамад бин Халифа ал Тани донесе одлука да му ја предаде власта на својот син, престолонаследникот шеик Тамим бин Хамад ал Тани, јави CNN повикувајќи се на  „Ал Џезира“.

Емирот го прогласил утрешниот ден (вторник) за празник и најавил дека официјално ќе ја соопшти одлуката.

Шеикот Хамад бин Халифа ал Тани би можел да најави дека постепено ќе му ја предава власта на својот син, назначувајќи го прво за премиер, на место на влијателниот шеик Хамад бин Џабер бин Џасем ал Тани, кој се наоѓа на оваа функција од 2007 година.

Тамим ал Тани е роден во 1980 година. Тој е втор син на емирот од Катар и неговата сопруга Моза, која е негова втора жена. Тамим бин Хамад ал Тани е заменик-началник на Генералштабот на катарските Вооружени сили.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О