Нокиа во новата реклама ги прикажува корисниците на iPhone како безумни зомбија

Во својата нова реклама, Нокиа одлучи да ги прикаже корисниците на Ајфон како зомбија.
Рекламата за Нокиа Лумиа 925 беше објавена викендов на YouTube, а во неа може да се види маж кој наскоро ќе стане жртва, како шета вечерта и на улиците среќава зомбија. Во некои моменти јасно се гледа дека тоа се корисници на iPhone, со оглед на тоа што еден од нив со телефонот го напаѓа мажот сакајќи да го слика.
 
Зомбите се направени така што потсеќаат на претерано осветлените фотографии (по излегувањето на iPhone 5 корисниците се жалеа дека фотографиите кои ги снимаат со блиц се со лош квалитет, а истото важеше и за фотографиите кога камерата е насочена кон јако светло). 
 
Видеото завршува со пораката: 'Најдобрите фотографии при секакво осветлување. Дури и без блиц'.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О