Канадските власти пронашле 40 кралски питони во пластични
кутии во хотелска соба во Брантфорд, 100 километри југозападно од
Торонто, објавила полицијата.
„Пронајдовме неколку пластични кутии со питони“ – соопштила полицијата.Четириесетте влекачи, „долги од 30 до 140 сантиметри“, доделени се на Канадското друштво за заштита на животните под сомнеж дека биле злоупотребувани, додала полицијата истакнувајќи дека еден ветеринар е задолжен за следењето на нивната состојба.
![](http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/piton-kanada-hotel-01.jpg)
Змиите припаѓаат на видот африкански кралски питон, и познати се како неопасни. Питоните биле во сопственост на еден канадски пар, кој зел соба во хотелот. Полицијата во Онтарио потсетила дека поседувањето на питони е противзаконско, и дека истрагата е во тек. Со неа треба да се утврди на кој начин овој пар набавил толкав голем број на змии.
Во Канада на 5 август друг питон, долг четири метри и тежок 45 килограми задави до смрт две момчиња додека спиеја. Двете деца биле браќа, едното на 7, а другото на 5-годишна возраст.